• вторник, 24 декември 2024

Бен Гвир: Хамас го прекрши примирјето со терористичкиот напад во Ерусалим

Бен Гвир: Хамас го прекрши примирјето со терористичкиот напад во Ерусалим

Тел Авив, 30 ноември 2023 (МИА) – Со терористичкиот напад во Ерусалим, во кој загинаа тројца цивили, палестинската милитантна група Хамас го прекрши примирјето, изјави денеска израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир.

-Хамас со едната рака потпишува примирје, а со другата испраќа терористи да убиваат Евреи во Ерусалим, рече Бен Гвир во изјава, пренесува „Тајмс оф Израел“. 

Израелскиот министер „јастреб“ додаде дека прекинот на огнот му дава надеж на Хамас дека од конфликтот ќе излезе посилен од Израел. 

-Мораме да престанеме да склучуваме договори со ѓаволот и веднаш да се вратиме на борбите, рече министерот Бен Гвир.

Претходно денеска три лица загинаа, а шест се ранети во терористички напад во Ерусалим за кој Хамас ја презеде одговорноста, соопштувајќи дека „операцијата доаѓа како природен одговор на злосторствата без преседан за време на окупацијата на Газа“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан