• понеделник, 23 декември 2024

Бен Гвир: Војната е можност да се охрабри миграцијата од Газа

Бен Гвир: Војната е можност да се охрабри миграцијата од Газа

Ерусалим, 1 јануари 2024 (МИА) - Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир денеска изрази поддршка за раселувањето на Палестинците од Појасот Газа во странство, велејќи дека војната претставува „можност за фокусирање на охрабрувањето на миграцијата на жителите“ на палестинска територија.

Тој на состанокот на неговата ултрадесничарска партија Окма Јехудит (Еврејски сили) рече дека таквата политика ќе овозможи враќање на жителите во израелските погранични области и еврејските доселеници во Газа евакуирани во 2005 година, оценувајќи дека тоа е „исправно, праведно морално и хумано решение“.

Неколку израелски пратеници, вклучувајќи и членови на кабинетот, вршат притисок на, како што велат, „доброволното раселување“ на Палестинците од Газа, што е отфрлено од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и меѓународната заедница. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан