• петок, 26 јули 2024

Бенкси со ново улично уметничко дело во Бристол, Англија

Бенкси со ново улично уметничко дело во Бристол, Англија
Бристол, 14 февруари 2020 (МИА) - Сликата што осамна на ѕид од куќа во Бристол, Англија, се покажа дека е на познатиот уличен уметник Бенкси. На ѕидот е нацртана девојка која со чатал штотуку исфрлила сноп цветови неколку метри во воздух. Бенкси самиот откри дека делото е негово, објавувајќи слики од него на Инстаграм. Кели Вудраф, чиј татко го поседува имотот, рече дека сега сакаат да го заштитат „специјалното дело“ од наближувањето на бурата Денис. - Бидејќи е Денот на вљубените, сликата е навистина посебна и тоа што го имаме во 3-Д, па со цвеќињата, сè тоа е неверојатно, изјави Вудраф. Taa ce обратила до градските власти, но тие рекле дека „не можат да понудат совети за помош“ околу заштитата на сликата на ѕидот. си/

Остани поврзан