• недела, 24 ноември 2024

Бенет во неочекувана посета на ОАЕ

Бенет во неочекувана посета на ОАЕ
Тел Авив, 9 јуни 2022 (МИА) - Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска неочекувано ги посети Обединетите Арапски Емирати, јави ДПА. Бенет се сретна со министерот за надворешни работи, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, а предвидено е да има средба и со новиот претседател на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, за да разговараат за неколку регионални прашања, информираа од неговиот кабинет. Минатиот месец, шеикот Мохамед го наследи неговиот покоен полубрат, шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан. - Денеска, заедно, ќе ја подигнеме посебната врска што е вткаена меѓу нашите земји на следното ниво - за раст и безбедност на двата наши народи, изјави Бенет пред да отпатува. Во 2020 година, ОАЕ и Бахреин станаа првите земји од Заливот што потпишаа договор за воспоставување дипломатски односи со Израел. За ова се залагаше и Мохамед бин Зајед. Првенствено, тоа е насочено против шиитскиот Иран, што ОАЕ го гледаат како главен непријател, иако и економските интереси играат улога. Дотогаш, само две арапски држави одржуваа дипломатски односи со Израел – Египет и Јордан. бд/сд/

Остани поврзан