Белчишко Блато доби соодветна инфраструктура за негово приближување до посетителите
- Познатиот еколошки препознаен локалитет Белчишко Блато од сега ќе биде подостапен за туристите, научниците, рекреативците. Преку проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општин
Охрид, 23 април 2021 (МИА) – Познатиот еколошки препознаен локалитет Белчишко Блато од сега ќе биде подостапен за туристите, научниците, рекреативците. Преку проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“ локалитетот доби соодветна инфраструктура како набљудувачница за птици, видиковци за одмор и информативни знаци, за негово приближување до посетителите.
Инфраструктурата, на која работеше Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид, ќе биде предадена во трајна сопственост на општина Дебрца, за да може да ја користи за развој на екотуризам, набљудување див свет и рекреација на посетители.
- Изградбата на инфраструктурата е во рамките на кој започна на 1 јуни 2020 г. и ќе трае до 31 мај 2022 г. Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на блатото и негово прогласување за заштитено подрачје, теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и неговото значење, информираат од „Екотуризам 2016“.
Реализацијата на проектот е финансиски поддржана од Критичниот еколошки партнерски фонд (CEPF) чии експерти го оценија блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем во државата.аб/цр