• сабота, 16 ноември 2024

Белоруската опозициска лидерка Тихановскаја со молба до Вашингтон за повеќе поддршка

Белоруската опозициска лидерка Тихановскаја со молба до Вашингтон за повеќе поддршка
Вашингтон, 19 јули 2021 (МИА) - Лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, денеска се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и со други високи лица од администрацијата. Во текот на посетата на Вашингтон таа ги повика САД да испратат повеќе помош за продемократското движење во Белорусија. Во текот на денешниот брифинг за новинарите, Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа, накратко кажа за посетата на Тихановскаја. -Ние ги средуваме деталите за нејзината посета. Таа ќе се сретне со официјални лица од Белата куќа. Но не би кажала дека тоа ќе биде претседателот, изјави Псаки. Подоцна, Тихановскаја се сретна со Блинкен и со неговата заменичка Викторија Нуланд, како и со советникот во Стејт департментот, Дерек Шоле. Во текот на средбата, Тихановскаја ги повика САД да усвојат вонредна помош за белоруските независни медиуми, Јутјуб проектите, Телеграм каналите, новинарските истражувања како и поголема помош за граѓанското општество, репресираните во приватниот бизнис на Белорусија, политичките затвореници и нивните семејства. Покрај тоа, Тихановскаја го повика Вашингтон да испрати сигнал на Русија дека потпишаните договори со режимот на Лукашенко нема да имаат правна сила и дека ќе бидат анулирани. Слични барања таа изнесе и на интервјуто за Си-Е-Ен. -САД имаат морално обврска да бидат со нас. Ги молам САД да помогнат граѓанското општество да преживее, изјави таа. Висок претставник на Администрацијата изјави дека САД ја поддржуваат Тихановскаја и народот на Белорусија и „продолжуваат да ги поддржуваат нивните демократски стремежи“. кб/јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан