• вторник, 24 декември 2024

Белорусија ослободи некои политички затвореници

Белорусија ослободи некои политички затвореници

Минск, 3 јули 2024 (МИА) - Водечката фигура на белоруската опозиција во егзил, Светлана Тихановска, денеска соопшти дека се ослободени некои политички затвореници во Белорусија, земја сојузник на Русија, каде што има репресија врз противниците на власта.

-Денеска сме сведоци на првите случаи на ослободување на политички затвореници во Белорусија, напиша Тихановска на мрежата „Х“.

Таа не ги спомна имињата или бројот на ослободени затвореници.

Според невладината организација за одбрана на човековите права „Весна“, во земјата има повеќе од 1.400 лица кои се во затвор поради спротивставување на режимот на претседателот Александар Лукашенко, кој овој месец одбележува 30 години на чело на државата.

Лукашенко вчера навести дека некои опозиционери наскоро би можеле да бидат ослободени. мс/

фото: МИА архива
 
 
 
 

 

Остани поврзан