• четврток, 26 септември 2024

Белингем ќе игра против Алавес, Карвахал ќе биде подготвен за дербито со Атлетико

Белингем ќе игра против Алавес, Карвахал ќе биде подготвен за дербито со Атлетико

Мадрид, 24 септември 2024 (МИА) - Џуд Белингем е подготвен за настап на натпреварот против Алавес.

За ова на прес-конференцијата пред натпреварот зборуваше тренерот на „Кралевите“ Карло Анчелоти. 

Да потсетиме, учеството на Белингем на денешниот натпревар од Ла Лига беше доведено во прашање поради проблемите со рамото на фудбалерот.

- Неговата повреда е иста како и минатата година. Проблемите на последниот меч не го спречија, закрепна и иако мора да носи заштита за поголема безбедност, подготвен е да игра, и ќе игра. Карвахал се уште не се опоравил од повредата, му требаат уште неколку дена. Но, тој ќе биде подготвен да игра на дербито со Атлетико Мадирд, истакна Анчелоти.

Дербито на Мадрид меѓу Реал и Атлетико ќе с еигра в недела. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан