Белгиски борбен авион пресретна руски авиони
- Белгиски борбен авион Ф-16 кој патролирал во балтичкиот регион пресретнал два руски авиона кои летале над американски носач на авиони во близина на брегот на Литванија, соопшти денеска НАТО.
![Белгиски борбен авион пресретна руски авиони](https://mia.mk/index.php/images/20221103025300_big_730x400_48.webp )
Њујорк, 21 април 2020 (МИА) - Белгиски борбен авион Ф-16 кој патролирал во балтичкиот регион пресретнал два руски авиона кои летале над американски носач на авиони во близина на брегот на Литванија, соопшти денеска НАТО.
Тоа се случило во петокот, а видео-снимка објавена од воздушната команда на НАТО ги прикажува руските авиони како летаат во меѓународниот воздушен простор на Балтичкото Море над американскиот носач „Доналд Кук“, пренесува „Бизнис инсајдер“.
„Белгиски бомбардер Ф-16 професионално ги пресретна руските авиони“, се наведува во соопштението. паг/