• среда, 25 декември 2024

Белгискиот принц Јоаким позитивен на коронавирусот

Белгискиот принц Јоаким позитивен на коронавирусот
Брисел, 31 мај 2020 (МИА) - Белгискиот принц Јоаким е позитивен на коронавирусот откако присуствувал на една забава во Шпанија. Најмладиот син на принцезата Астрид, 28-годишниот принц, се заразил, како што се претпоставува, на забава во Кордоба, но причините поради кои отишол таму не се разјаснети. Првите информации дека е болен член на белгиското кралско семејство ги објави шпанскиот сајт „Ел Кофиденциал“ објавувајќи како доказ официјален документ на властите во Андалузија. Белгиските медиуми ја потврдија информацијата дека принцот Јоаким бил во Шпанија, дека е заразен и оти има благи симптоми на болеста, пренесува Би-Би-Си. јт/

Остани поврзан