• среда, 25 декември 2024

Бела куќа: Израел ќе спроведува хуманитарни паузи од четири часа секој ден

Бела куќа: Израел ќе спроведува хуманитарни паузи од четири часа секој ден

Вашингтон, 9 ноември 2023 (МИА) - Белата куќа соопшти дека Израел се согласил да воведе четиричасовни дневни хуманитарни паузи во нападите врз Хамас во северниот дел на Газа. Во понеделникот американскиот претседател Џо Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да воведа „дневни хуманитарни паузи“.

Администрацијата на Бајден соопшти дека обезбедила уште еден премин за цивилите да избегаат од борбите. 

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека првата хуманитарна пауза ќе биде најавена денеска и дека Израелците се обврзале да го објавуваат секој четиричасовен прозорец најмалку три часа однапред. ссм/

фото: архива

Остани поврзан