• понеделник, 23 декември 2024

Белата куќа предупредува дека Русија би можела да употреби хемиско оружје во Украина

Белата куќа предупредува дека Русија би можела да употреби хемиско оружје во Украина
Вашингтон, 10 март 2022 (МИА) - Белата куќа предупреди дека Русија би можела да употреби хемиско оружје во Украина или да спроведе „операција под лажно знаме“ што ќе биде во нивна корист, јави Си-Ен-Ен. Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, критикувајќи ги, како што ги нарече, лажните тврдења од Русија дека САД развиваат хемиско оружје во Украина, напиша на Твитер:„Сега кога Русија ги изнесе овие лажни тврдења, а Кина навидум ја поддржа оваа пропаганда, сите ние треба да внимаваме Русија евентуално да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина или да го искористи во операција под лажно знаме. Тоа е јасно шема." Псаки, исто така, посочи на „долгата и добро документирана историја на Русија за користење на хемиско оружје“, како и нејзиниот модел на „обвинување на Западот за прекршувањата што самата Русија ги прави“. ссм/

Остани поврзан