• сабота, 23 ноември 2024

Белата куќа најави национална стратегија насочена против исламофобијата

Белата куќа најави национална стратегија насочена против исламофобијата

Вашингтон, 2 ноември 2023 (МИА) - Белата куќа објави национален план насочен против на исламофобијата во САД.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе работи со претставници на муслиманските здруженија, групи за застапување, членови на Конгресот и други за да се развие национална стратегија за „спротивставување на злото на исламофобијата и омразата во сите нејзини форми“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

„Предолго, муслиманите во Америка и оние за кои се смета дека се муслимани, како што се Арапите и Сиките, трпеа непропорционален број на напади поттикнати од омраза и други дискриминаторски инциденти“, рече Жан-Пјер.

„Сите ние жалиме за неодамнешното варварско убиство на Вадеа Ал-Фајоме, 6-годишно палестинско американско муслиманско момче и бруталниот напад врз неговата мајка во нивниот дом, близу Чикаго.

Овој потег е дел од напорите на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да ја зајакне и подобро да ја координира борбата против исламофобијата, антисемитизмот и сродните форми на дискриминација. ссм/

фото: архива

Остани поврзан