• сабота, 23 ноември 2024

Белата куќа го осуди воениот удар во Мјанмар 

Белата куќа го осуди воениот удар во Мјанмар 

Вашингтон, 1 февруари 2021 (МИА) - Воениот удар во Мјанамр, апсењето на  Анг Сан Су Чи, и други официјални лица, како и воведувањето национална вонредна состојба се директен напад врз транзицијата на земјата во демократија и владеење на правото, соопшти денеска Белата куќа 

-Во една демократија, силата никогаш не треба да надвладее над вољата на народот или да се бришат резултати од кредибилни избори. Повеќе од една деценија народот на Мјанмар истрајно работеше да реализира избори, граѓанска влада и мирен трансфер на власта. Тој прогрес треба да биде почитуван, порача претседатеот Џо Бајден. 

Од Белата куќа наведуваат дека меѓународната заедница треба едногласно да ја притисне армијата на Мјанмар веднаш да отстапи, да ги ослободи активистите и официјалните лица, да ги укине сите телекомуникациски рестрикции и да се воздржи од употреба на сила против цивили. 

-САД ќе работат со партнерите во регионот и пошироко, за поддршка да се обнови демократијата и владеењето на правото, а одговорните за уривање на демократската транзиција да бидат ставени пред лицето на правдата. 

Се укажува дека „САД ги укинаа санкциите против Бурма во текот на изминатата деценија бидејќи имаше прогрес во демократијата. Во случај тој прогес да запре, Вашингтон повторно ќе разгледа опции за воведување на санкции“. кб/ сд/

Остани поврзан