• четврток, 26 декември 2024

Бектеши - Улман: Има уште простор за унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Швајцарија

Бектеши - Улман: Има уште простор за унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Швајцарија
Скопје, 22 јули 2022 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, на која и посака многу успех во вршењето на новата должност и се заблагодари за досегашната поддршка која што државата ја добива од швајцарската Влада. - За време на состанокот разговаравме за нашите активностите што ги превземавме за поддршка на граѓаните за време на кризата, како и мерките за справување со енергетската криза која што ја зафати Европа и светот, наведе Бектеши во објава на Фејсбук. Тој посочува дека двете земји имаат традиционално одлична соработка, за што и со амбасадорката Улман се согласивме дека има простор за унапредување. - Уште еднаш ги потврдивме заедничките заложби за продолжување на комуникацијата во насока на подобрување на економските релации на нашите земји и изнаоѓање на најсоодветни решенија за економски развој, додава Бектеши во објавата. сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан