• недела, 28 јули 2024

Бектеши: Проблемот во Слупчане ќе биде решен

Бектеши: Проблемот во Слупчане ќе биде решен

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Колку што сум информиран од страна на градоначалникот и од страна на наши претставници во Слупчане, проблемот ќе биде решен. ЕВН и жителите имаат некаков предлог договор, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши во врска со случувањата во ова населено место каде жителите не им дозволуваат пристап на екипите на ЕВН. 

- Не може ако одредено правно или физичко лице прави проблем, да страдаат сите. Мора да се направи мрежа согласно европските стандарди каде што во случај физичко или правно лице да направи злоупотреби, за него да се исклучи снабдувањето со електрична енергија, а не и за неговиот сосед или  целиот град, рече Бектеши во централниот дневник на „Сител“.

Бектеши е на став дека сметките за струја мора да се плаќаат, а загубите во електродистрибутивната мрежа да се намалат.

Во однос на концесиите за Иловица-Штука, Бектеши рече дека во изминатите 15 години до денес во Министерството за економија не е доставен ниту еден допис или акт со негативно мислење. Напротив, дадени се над 36 позитивни мислења. бак/

Фото: Принтскрин

 

 

Остани поврзан