• вторник, 24 декември 2024

Бектеши-Џентолини: Имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за пост-ковид заздравување на економијата

Бектеши-Џентолини: Имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за пост-ковид заздравување на економијата
Скопје, 6 мај 2021 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши, кој престојува во неколкудневна посета на Брисел, на денешната средба со еврокомесарот за економија Паоло Џентолини порачал дека имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за пост-ковид заздравување на македонска економија. - Очекуваме многу нови иницијативи и проекти за создавање посилни врски и мрежи со Европската унија, истакнал Бектеши на средбата. Тој го информирал евроамбасадорот за реализацијата на приоритетните проекти на земјава во рамки на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан, како и за приоритетите на Северна Македонија со претседавањето со ЦЕФТА и поставените цели за олеснување на трговијата, транспортот и поврзаноста на земјите од Западен Балкан кои произлегуваат од Берлинскиот процес. - Заедничкиот став со Европската унија е дека подоброто поврзување на економиите на Западен Балкан во рамките на регионот и со ЕУ бара силна посветеност од Западен Балкан за спроведување на темелни реформи, продлабочување на регионалната економска интеграција и развој на заеднички регионален пазар врз основа на законодавството на ЕУ со цел да се направи регионот е поатрактивна област за инвестиции. Со планот за обнова и трансформација на европската економија преку Фондот за закпрепнување приоритет ќе бидат инвестиции во зелена економија, дигитализација и пост-ковид закрепнување, соопшти Министерството за економија. На средбата, како што се наведува, било нотирано дека Северна Македонија е пример во Западен Балкан за напредок на реформите во царинската политика. бак/са/

Остани поврзан