Без струја утре општините Студеничани, Карпош и Ѓорче Петров
- Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Карпош и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК - Скопј

Скопје, 3 јуни 2021 (МИА) - Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Карпош и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК - Скопје.
Во периодот од 08:30 до 12:30 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од селата Пагаруша, Вртекица, Рамни Габер и Долно Количани, Општина Студеничани.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Ванчо Мицков“, Општина Карпош.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „22“ во селото Волково, Општина Ѓорче Петров.фф/дма/