Без струја утре неколку општини во Скопје, дел од општина Центар без вода
- Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат неколку општини во Скопје.
Скопје, 17 март 2021 (МИА) - Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат неколку општини во Скопје.
Од 08:30 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од село Пагаруша во општина Студеничани.
Од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од булевар „Кузман Јосифовски Питу“, згради број 26 и 28 и улица „Симеон Кавракиров“ броеви 19 до 27, од општина Аеродром.
Корисниците од село Ракотинци, делот од школото кон општина Сопиште (Црвена Прс) ќе бидат без електрична енергија од 09:00 до 13:00 часот.
Без електрична енергија од 09:30 до 13:30 часот, ќе бидат дел од корисниците од улилца „Воин Драшкоци“, улица „Зејнел Ајдини“ и улицата „Браќа Галеви“ во општина Ѓорче Петров.
Прекин на струјата од 09:00 до 14:00 часот, ќе имаат корисниците од село Глуво, село Бразда, село Горно Оризари и Гранит, во општина Бутел и Чучер Сандево.
Од 10:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од село Гулмово, село Шишево, Матка и фирмите Адријус и Тиамо, во општина Сарај.
Без струја од 09:00 до 10:00 часот, ќе бидат корисниците од Резервар Батинци, село Горно и Долно Количани, село Пагаруша, село Вртекица , село Рамни Габер, село Драчевица , село Цветово, Црвена Вода, Дом Китка, село Палиград , Караџица и Мала Река, во општината Студеничани.
Без струја ќе бидат и корисниците од село Љубош и село Батинци, Дрисла, пумпа Дрисла депонија Дрисла и фирмата Роло Оков, од општина Студеничани, во период од 11:00 до 13:00 часот.
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје информира дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на крстосницата улица „Антон Панов“ заедно со улица „Елисие Поповски“, во општина Центар прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Елисие Поповски“ во период од 09:00 часот се до завршување со активностите. ки/дма/