Без струја утре корисници од село Долно Лисиче
- Без струја утре од 08:30 до 15 часот ќе бидат корисници од село Долно Лисиче од објектите на патот кон Драчево и ул.„10“, најави Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје.

Скопје, 12 мај 2024 (МИА) - Без струја утре од 08:30 до 15 часот ќе бидат корисници од село Долно Лисиче (објекти на патот кон Драчево и ул.„10“), најави Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје.
Прекинот е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.
фото: МИА архива