Без струја утре делови од Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Петровец и Сарај
- Поради планирани прекини во електроснабдувањето, утре без електрична енергија ќе бидат корисници од општините Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Петровец и Сарај, соопштија утрово од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Поради планирани прекини во електроснабдувањето, утре без електрична енергија ќе бидат корисници од општините Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Петровец и Сарај, соопштија утрово од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
Од осум до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Ѓорѓи Капчев“ во општина Аеродром.
Од девет до 15 часот, корисниците покрај пругата од лева страна накај обиколница во село Волково. Од 11 до 13:30 часот, корисниците од дел од село Волково, дел од улица „56“ во општина Ѓорче Петров.
Од девет до 14 часот, корисниците од дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, зграда број „72“ и улица „Атинска“, зграда број „12“ во општина Карпош.
Од 8:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од село Љубин. Од 13 до 14 часот, корисниците од дел од село Бојане, општина Сарај.
Од девет до 12 часот, корисниците од дел од село Катланово, општина Петровец. бд/са/
Фото: МИА архива