• сабота, 31 август 2024

Без струја неколку скопски села

Без струја неколку скопски села

Скопје, 14 август 2024 (МИА) - Корисниците од реонот Крушопек – Лака во општина Сарај денеска од 8:30 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 6:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од селата Таор, Студеничани, Морани, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево и ЖТП Зелениково – Јане Сандански.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.вј/хс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан