• недела, 06 октомври 2024

Без струја делови од Сопиште, Карпош и Аеродром

Без струја делови од Сопиште, Карпош и Аеродром
Скопје, 15 мај 2022 (МИА) -  Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија утре ќе останат неколку улици од скопските општини Сопиште, Карпош и Аеродром. Како што соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, во периодот од 08 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „4“ и улица „8“ во село Горно Соње, од 09 до 11 часот дел од корисниците од улицата „Никола Тесла“ бр.18/2, од 09 до 12 часот корисниците од улицата „Коста Новаковиќ“ бр.20/1 Од 10 до 13 часот без електрична енергија ќе останат жителите од улиците „Струшка“, „Кораб“, „Јуриј Гагарин“ и дел од улицата „Козле“. свс/бак/  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан