• сабота, 23 ноември 2024

Без разлика на Венецијанската комисија, сите наши закони ќе бидат разгледани при билатералниот скрининг со ЕУ, порача премиерот

Без разлика на Венецијанската комисија, сите наши закони ќе бидат разгледани при билатералниот скрининг со ЕУ, порача премиерот
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - Измените на Законот за здруженија ги донесе Собранието со консензус, но без разлика дали одат на Венецијанска комисија или не, сите наши закони ќе бидат разгледани во текот на билатералниот скрининг што го имаме со ЕУ и потоа ќе претрпат усогласувања, вели премиерот Димитар Ковачевски. Во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Ковачевски нагласи дека не очекува овој Закон да претрпи усогласувања, бидејќи алудира само на тоа дека треба да се внимава на чувствата на нашите граѓани што се однесуваат на користење на имиња од периодот на Втора светска војна при организирање какви било клубови или трговски друштва. - Мојот став е дека нам ни треба нов закон за здруженија на граѓани и Министерството за правда работи на изготвување на комплетен закон, што ќе ги вклучи сите политички партии и експерти. Уште стојам на ставот дека како основа треба да биде земено германското законодавство, кое на многу висок степен ги има решено здружувањата на граѓаните, истакна премиерот. Во однос на Културниот центар во Благоевград, тој посочи дека веќе разговарал со бугарскиот премиер Галаб Донев и штом ќе бидат испратени документите, а потоа и разгледани од властите на Бугарија, ќе може да се пристапи кон негово формирање и отворање на соодветен начин. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера во Софија на прес-конференција со бугарскиот колега, Николај Милков најави дека ќе и препорача на Владата по неодамна усвоените измени на Закон за здруженија и фондации, тој да биде испратен во Венецијанската комисија, со цел таа да утврди дали навистина во него има нешто спорно, како што тврди Софија. ки/сп/ https://www.youtube.com/watch?v=bObAQLEyCz4

Остани поврзан