Без вода утре селата Батинци и Љубош
- Корисниците ќе немаат вода од 8:30 часот до завршување на работните активности.

Скопје, 14 март 2025 (МИА) - Селата Батинци и Љубош во текот на утрешниот ден ќе останат без вода за пиење, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
Според информацијата што ја добиле од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, корисниците ќе немаат вода од 8:30 часот до завршување на работни активности.
Како причина за прекинатото водоснабдување е наведен дефект во селото Батинци, општина Студеничани. бд/са/
Фото: МИА архива