Без вода улиците „Маџари“ и „Палмиро Толјати“
- ЈП Водовод и канализација - Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:15 до завршување со санација на дефектот.
Скопје, 7 ноември 2025 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка на улица „Маџари“ 3, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица и „Палмиро Толјати“.
ЈП Водовод и канализација - Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:15 до завршување со санација на дефектот.
Фото: МИА архива