Без вода улицата „Востаничка“
- Водоснабдувањето, како што соопштија од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Скопје, 21 октомври 2025 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка на улица „Востаничка“ 9б, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.
Водоснабдувањето, како што соопштија од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.