Без вода село Студеничани
- Без вода за пиење во моментов е село Студеничани, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Скопје, 7 ноември 2025 (МИА) - Без вода за пиење во моментов е село Студеничани, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
-Поради скинат кабел од електрична енергија од страна на „ЕВН“, пумпата за снабдување со вода не работи поради немање струја. Прекинато водоснабдување имаат корисниците од село Студеничани од 18:30 часот, појаснуваат од претпријатието.
Засегнатите ќе останат без вода за пиење до завршување со работните активности. бд/ац/
Фото: МИА архива