• недела, 28 јули 2024

Без вода повеќе улици во Лисиче

Без вода повеќе улици во Лисиче

Скопје, 5 јануари 2024 (МИА) - Без вода денеска од 14:15 часот ќе бидат повеќе улици во Лисиче поради уличен дефект на улица „Јован Кукузел“, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје.

Како што информираат оттаму, прекинот на водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф80мм на улица „Јован Кукузел“ 9А, а без вода ќе бидат корисниците од улица „Јован Кукузел“, „Димитар Туриманџовски“, „Митре Влаот“, „Ѓорѓи Андревич - Кун“, „Ернест Телман“, „Благоја Мучето“, „Архитект Сотир Томовски“, „Ѓуро Малешевец“, „Зборска“, „Дете Татуличе“ и „Димтар Благоев“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:15 часот до завршување на дефектот. ар/аа/
Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан