Без вода неколку улици во Сопиште
- Како што соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка на ул.1/30а Сопиште, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците 10,12,14 и 16 во Сопиште.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот. дма/
Фото: МИА архива