• петок, 05 декември 2025

Без вода неколку улици во Скопје

Без вода неколку улици во Скопје

Скопје, 12 јуни 2025 (МИА) - Без вода денеска се улиците „Сотир Томовски“, „Гаврил Константиновиќ“, „Благоја Мучето“ и „Ернест Телман“, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Како што појаснуваат, корисниците од овие улици се без вода за пиење поради изведувње водоводен приклучок на улицата „Сотир Томовски“ во населба Лисиче.

Водоснабдувањето било прекинато од 10:30 часот. бд/сст/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан