Без вода неколку улици во населбата Ченто
- Поради дефект на приклучна цевка Ф-5/4 на ул.„Дурмиторска“ 23 во населба Ченто, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Дурмиторска“, „Жеглање“ и „Фуштанска“.

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка Ф-5/4 на ул.„Дурмиторска“ 23 во населба Ченто, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Дурмиторска“, „Жеглање“ и „Фуштанска“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до санирање на дефектот, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. дма/са/
Фото: МИА архива