Без вода неколку улици во населбата Лисиче
- Без вода денеска од 8:00 часот се корисниците од улиците „Горно Лисиче“, „Горноврановска“, „Лисец“, „Божин Николов - Силни“ и „Хаџи Трајко“ во населбата Лисиче.

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Без вода денеска од 8:00 часот се корисниците од улиците „Горно Лисиче“, „Горноврановска“, „Лисец“, „Божин Николов - Силни“ и „Хаџи Трајко“ во населбата Лисиче.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект од Ф-2цол на ул.„Горно Лисиче“ 28 во населбата Лисиче.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. дма/цр/
Фото: МИА архива