Без вода корисници на ул. „Тале Христов“ и „Костурска“ во Скопје
- Прекин во водоснабдувањето вечерва од 19 часот имаат корисниците на улиците „Тале Христов“ и „Костурска“ поради дефект во водводната мрежа.

Скопје, 3 октомври 2020 (МИА) - Прекин во водоснабдувањето вечерва од 19 часот имаат корисниците на улиците „Тале Христов“ и „Костурска“ поради дефект во водводната мрежа.
Дефектот е на ул.„Босна и Херцеговина“, крстосница со ул. „Тале Христов, Скопје Север.
Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.лв/