• среда, 25 декември 2024

Без вода корисниците од населба Хиподром 2, намален притисок во населбите Хиподром и Трубарево

Без вода корисниците од населба Хиподром 2, намален притисок во населбите Хиподром и Трубарево

Скопје, 30 август 2023 (МИА) - Прекинато водоснабдување денеска од 15:30 часот ќе имаат корисниците од населба Хиподром 2, а со намален притисок ќе бидат корисниците од населба Хиподром и Трубарево.

Како што соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје прекинот е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф110мм.на ул.7 бб. Хиподрум 2.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на дефектот. цр/лв/

Фото:МИА

Остани поврзан