Без вода корисниците од Батинци и Љубош
- Како што се додава во соопштението, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
Скопје, 4 ноември 2025 (МИА) - Поради уличен дефект на улицата „Пат за Китка“, прекинато водоснабдување во моментов имаат корисниците од Батинци и Љубош, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што се додава во соопштението, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. бд/са/
Фото: МИА архива