Без вода корисниците во Инџиково
- Прекинато водоснабдување денеска од 13 часот ќе имаат корисниците од село Инџиково во општина Гази Баба.
Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Прекинато водоснабдување денеска од 13 часот ќе имаат корисниците од село Инџиково во општина Гази Баба.
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје соопшти дека причина за прекинот во снабдувањето со вода е дефект на ул.„10“ бб во Инџиково.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. лв/сст/
фото: МИА архива