Без вода зградите на „Голден Арт“, „Скопски пазар“ и Американ Колеџ
- ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 12:30 часот, без вода ќе бидат корисниците од зградите на „Голден Арт“, „Скопски пазар“ и Американ Колеџ.

Скопје, 1 февруари 2024 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 12:30 часот, без вода ќе бидат корисниците од зградите на „Голден Арт“, „Скопски пазар“ и Американ Колеџ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради водоводен дефект од ф-150 мм на булеварот „3-та Македонска Бригада“ бр. 41.
Корисниците без вода ќе бидат од 12:30 до завршување на интервенцијата. ир/мд/
Фото: МИА архива