Без вода денеска Градскиот трговски центар
- Градскиот трговски центар денеска од 8 часот, според најавите, ќе остане без вода.

Скопје, 12 февруари 2025 (МИА) - Градскиот трговски центар денеска од 8 часот, според најавите, ќе остане без вода. Причина за прекинот е дефект на улицата „Филип Втори“ пред Градскиот трговски центар.
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираа дека прекинот ќе трае до санирање на дефектот. бак/
Фото: МИА архива