Без вода дел од Аеродром
- Без вода денеска од 12:30 часот се дел од корисниците од Американ Колеџ, Тинекс Маркетот и Раде Кончар во општина Аеродром.

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - Без вода денеска од 12:30 часот се дел од корисниците од Американ Колеџ, Тинекс Маркетот и Раде Кончар во општина Аеродром.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради промена на шибер ф 80 мм на булевар „3-та Македонска Бригада“ бб.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата. дма/
Фото: МИА архива