Без вода две улици во Пржино
- Без вода денеска од 10:15 часот ќе бидат корисниците од улиците „Благоја Гојан“ и „Кавалска“ во населба Пржино.

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Без вода денеска од 10:15 часот ќе бидат корисниците од улиците „Благоја Гојан“ и „Кавалска“ во населба Пржино.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект Ф-100мм на ул.„Благоја Гојан“ 22 .
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. дма/са/
Фото:МИА архива