Без вода Глумово, Матка и Шишево
- Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:30 часот до завршување на дефектот.

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - Поради дефект на улица 1 во Глумово, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Глумово, Матка и Шишево.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:30 часот до завршување на дефектот. дма/
Фото: МИА архива