Без вода Глумово, Горна и Долна Матка
- Поради уличен дефект на ф-150 мм на ул .1 /бб Глумово, денеска од 9:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Глумово, Горна и Долна Матка.

Скопје, 12 декември 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на ф-150 мм на ул .1 /бб Глумово, денеска од 9:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Глумово, Горна и Долна Матка.
ЈП Водовод и канализација - Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. дма/
Фото: МИА архива