Без вода булевар „АСНОМ“
- Водоснабдувањето, како што соопшти РЦУК Скопје, ќе биде прекинато од 12:20 часот до завршување со работните активности.

Скопје, 29 април 2025 (МИА) - Поради промена на пп хидрант ф-80 мм на булевар „АСНОМ“ 114, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот, односно парните броеви од 68 до 118.
Водоснабдувањето, како што соопшти РЦУК Скопје, ќе биде прекинато од 12:20 часот до завршување со работните активности. дма/
Фото: МИА архива