• среда, 25 декември 2024

Безбедносните сили со водни топови ги растеруваат демонстрантите во Бејрут

Безбедносните сили со водни топови ги растеруваат демонстрантите во Бејрут
Бејрут, 11 февруари 2020 (МИА) - Силите за безбедност во Бејрут утрово употребиле водни топови против демонстрантите кои ги гаѓале со камења и се обидувале да ги спречат пратениците и владините претставници да влезат во Парламентот и да гласаат за доверба на новиот кабинет на премиерот Хасан Диаба. Безбедносните сили употребиле и солзавец и ги блокирале патиштата кон зградата на Парламентот. Демонстрантите фрлале камења преку бетонските барикади кон безбедносните сили. паг/

Остани поврзан