Бегај и го честиташе изборот на Давкова: Убеден сум дека заедно ќе продолжиме да ги зајакнуваме односите меѓу нашите земји
- Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај ѝ го честиташе изборот на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на Република Северна Македонија, која е прва жена на чело на државата, јави Ора њуз.

Тирана, 9 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај ѝ го честиташе изборот на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на Република Северна Македонија, која е прва жена на чело на државата, јави Ора њуз.
Во објава на својот профил на платформата Х изразува верба во натамошното зајакнување на односите меѓу двете земји.
- Честитки, Гордана Силјановска-Давкова, првата жена избрана за претседател на Република Северна Македонија. Убеден сум дека заедно дополнително ќе ги зајакнеме традиционално многу добрите односи меѓу нашите пријателски земји, како земји членки во НАТО и идни членки во ЕУ, за што Албанците во РСМ остануваат целосно ангажирани, напиша Бегај во објавата на Платформата Х. вт/цр
Фото: МИА архива