Бајaндир херој за „црвените ѓаволи“: Јунајтед се пласира во четвртото коло од ФА Купот
- Манчестер Јунајтед победи по драматично изведување пенали против Арсенал во дуелот од третото коло на ФА Купот меѓу двата тима и обезбеди пласман во следната фаза од турнирот.

Лондон, 12 јануари 2025 (МИА) - Манчестер Јунајтед победи по драматично изведување пенали против Арсенал во дуелот од третото коло на ФА Купот меѓу двата тима и обезбеди пласман во следната фаза од турнирот.
Во регуларното време, двата тима одиграа нерешено 1-1, откако Бруно Фернандеш го отвори резултатот во 52. минута, но Габриел Магалхаес израмни во 63. минута.
„Црвените ѓаволи“ играа повеќе од еден час со човек помалку, бидејќи Диого Далот беше исклучен во 61. минута од мечот на „Емирати“.
Избраниците на Микел Артета имаа огромна играчка предност, успевајќи да ја задржат акцијата на теренот целосно на противничката половина во големи периоди, но сериозните грешки на Деклан Рајс, Каи Хаверц и Мартин Одегард, кој промаши пенал, спречија домаќините да ја реализираат својата доминација.
Во пенал рулетот момците на Рубен Аморим успеаја да постигнат од сите пет обиди, а за домаќините овојпат Хаверц не успеа да реализира од белата точка.
Огромна улога во успехот на тимот од „Олд Трафорд“ имаа и настапите на Алтај Бајандир, кој одигра совршен натпревар за гостите. дс
Фото: Принтскрин