Бајрами останува на клупата на Македонија ЃП до 2024
- Продолжување на соработка за уште две години, до лето 2024, договорија денеска фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров и шефот на стручниот штаб Мухарем Бајрами.

Скопје, 27 мај 2022 (МИА) - Продолжување на соработка за уште две години, до лето 2024, договорија денеска фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров и шефот на стручниот штаб Мухарем Бајрами.
Скопскиот прволигаш имаше успешна сезона под водство на Бајрами и го освои трофејот во Купот на Македонија со што избори пласман во УЕФА Конференциската лига. - Задоволен сум од тоа како ја завршивме минатата сезона и затоа без двоумење го продолжувам договорот, изјави Бајрами.
- Благодарност до управата за довербата кон мене и целиот стручен штаб кој останува ист. Ветувам само работа и максимална посветеност за Македонија ЃП и другата сезона ги радува своите навивачи, додаде стратегот на Македонија ЃП. ег/сп/