• понеделник, 23 декември 2024

Бајлс ги предводеше САД до златото во екипна дисциплина на турнирот во гимнастика

Бајлс ги предводеше САД до златото во екипна дисциплина на турнирот во гимнастика

Париз, 30 јули 2024 (МИА) - Симон Бајлс ги предводеше Соединетите Држави до титулата олимписки тим во женска гимнастика на Игрите во Париз.

Американката се бореше со менталното здравје во Токио, но 27-годишната се врати во спортот и повторно доминира.

Бајлс го освои петтото олимписко злато во кариерата. Заедно со колешките Џордан Чајлс, Џејд Кери, Хезли Ривера и шампионката во повеќебој од Токио 2020, Суниса Ли, целосно доминираа и собраа 171.296 поени.

Италија го освои среброто со 165.494 поени во својот прв олимписки екипен медал во гимнастика од 1928 година, додека Бразил ја освои бронзата за својот прв медал во дисциплината.

Ова е вкупно четврто злато на олимпискиот тим за САД и трето во последните четири натпревари. На Игрите во Токио Американките останаа зад рускиот тим кој не учествуваше во Париз.

Бајлс имаше проблеми со мускулот и нејзиниот глужд беше преврзан за време на квалификациите. Но, овој пат, таа изгледаше целосно подготвено и се стреми кон уште четири златни медали во поединечни дисциплини. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан