• понеделник, 07 октомври 2024

Бајиќ: Треба да се регенерираме и да се обидеме да ги победиме следните натпревари

Бајиќ: Треба да се регенерираме и да се обидеме да ги победиме следните натпревари
Скопје, 13 август 2021 (МИА) - Драган Бајиќ синоќа со пораз дебитира на селекторското место на македонската кошаркарска репрезентација. Неговите избраници загубија од Швајцарија во првото коло од претквалификациите за Светското првенство 2023. - Уште на тренингот почувствував некоја нервоза во тимот и поради тоа сметам дека дојдовме до некои грешки во играта. Тоа што вечерва го забележав е дека влеговме во некој огромен грч поради кој останавме без енергија и без сила, а со самото тоа и без концентрација. Многу промашени зицери, сигурно некои 8-9 лесни поени, седум промашени слободни фрлања што можеби на крајот и беше пресудно кога во вториот дел успеавме да ја намалиме разликата, но и покрај тоа правевме грешки. Не се снаоѓавме добро со нивната одбрана. Не губиме многу со овој пораз, треба да се анализира натпреварот, да се регенерираме и да се обидеме да ги победиме преостанатите натпревари, изјави Бајиќ. Следниот дуел на македонските кошаркарки на „балонот“ во Скопје, е утре со селекцијата на Словачка. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан